Шпионирани полициски радиоврски?!
19.02.2014 15:14
Како вработен во ДБК, Ѓорѓи Хаџимишев му ја дал радиоврската на обвинетиот Горан Стојков, кој можел да ги слуша сите разговори на службите.

Судскиот процес „Шпион“ продолжи и денеска. Отворен за јавноста беше распитот на обвинетиот Ѓорѓи Хаџимишев што се товари за злоупотреба на службената должност.
Како вработен во ДБК (Државна безбедност и контраразузнавање) му ја дал радиоврската на обвинетиот Горан Стојков, кој можел да ги слуша сите разговори на службите.
Хаџимишев изјави дека знае оти тоа е противзаконско, но тврдеше дека радиоврската му ја дал на Стојков бидејќи стравувал да не и случи нешто на неговата сопруга кога таа била на работа. Не знаел дека Стојков ја користел и надвор од Скопје, како на пример во Тетово.
Стојков пак, побара Хаџимишев да појасни на судот дали му ја давал радиоврската и на началникот на Тетово кога Ердоган бил таму на посета, но судот не го дозволи ова прашање.
Судењето продолжува в петок кога ќе се разгледуваат материјалните докази.
Фиљана Кока
