Договорена соработка со Државната универзитетска клиника во Минхен

19.02.2014 17:32

Премиерот Никола Груевски во рамки на работниот престој на Сојузна Република Германија попладнево ја посети Државната универзитетска клиника во Минхен каде што имаше средба со директорот Карл Валтер Јаук и неговиот менаџерски тим. На средбата договорена е конкретна соработка во определени области.
 
„Во рамките на нашите напори и програма за едукација на што поголем број лекари, договоривме да прифатат наши лекари да дојдат тука на обука за различни медицински методи кои кај нас или воопшто ги нема или се во некоја по лимитирана, а овде се во многу понапредна форма“, изјави Груевски по средбата.
 
Директорот Валтер Јаук рече дека се отворени за соработка и со задоволство ќе прифатат македонски лекари да се обучуваат на нивната клиника.
 
„Ние сме убедени дека може да и помогнеме на Македонија преку соработката и да овозможиме најдобра медицинска заштита на луѓето во Македонија. Убедени сме и дека со посетата на македонски лекари во Минхен, но и наши кај вас може да си помогнеме едни на други“, рече Валтер Јаук.
 
Државната клиника во Минхен е најпрестижната во Баварија и еден од најголемите и најетаблираните научно истражувачки центри во Европа, паралелно со Кембриџ, Оксфорд, Харвард и други познати истражувачки центри во светот. Во рамки на Универзитетската клиника има 29 клиники и 26 институти, со годишен обрт од над милион евра. Станува збро за голема болница со девет илјади вработени која е многу напред во многу медицински техники и области.