Венизелос денеска во Македонија

20.02.2014 09:31

Венизелос пристигна во Скопје синоќа со автомобил од Приштина. Медиумите во Грција пишуваат дека и покрај тоа што грчката делегација патува со владиниот авион, во Скопје доаѓа со автомобил „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.

Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, во рамките на неговата турнеја низ шест главни градови на земјите во Западен Балкан, синоќа пристигна во главниот град на Македонија, а денеска е на средби со македонскиот државен врв.
 
Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, грчкиот министер за надворешни работи утрово пристигна во Министерството за надворешни работи на средба со шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
 
Во тек е тет- а- тет средбата по која ќе следува изјава од шефот на дипломатијата на Македонија.
 
Од Министерството за надворешни работи, Венизелос заминува на средба со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, а на пладне ќе се сретне со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
 
Венизелос пристигна во Скопје синоќа со автомобил од Приштина. Медиумите во Грција пишуваат дека и покрај тоа што грчката делегација патува со владиниот авион, во Скопје доаѓа со автомобил „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.
 
Шефот на грчката дипломатија од Скопје ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.