Британски ИТ инвеститори на средба во Владата

20.02.2014 12:17

Груевски денеска ќе има средба со заинтересирани инвеститори од Велика Британија...

Премиерот Никола Груевски денеска ќе има средба со заинтересирани инвеститори од Велика Британија од областа на информатичката технологија.
 
Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија во 13:30 часот, а по неа е предвидена изјава за медиумите на претставниците на компанијата, соопшти владината прес-служба.