15 стипендии за старотурски јазик
20.02.2014 13:38
Министерот Спиро Ристовски рече дека старотурскиот јазик претставува еден од најстарите документирани јазици на ова подрачје...
Министерството за образование ќе додели 15 целосни стипендии за постдипломски и додипломски студии за изучување старотурски јазик во Турција или во државите каде што се изучува овој јазик.
Министерот Спиро Ристовски рече дека старотурскиот јазик претставува еден од најстарите документирани јазици на ова подрачје, некаде од 7 до 12 век, голем број документи, записи, архивски податоци на територијата на Македонија се запишани на старотурски јазик.
Ресорниот министер апелираше до сите заинтересирани кои сакаат да го изучуваат овој јазик да аплицираат за овие стипендии.
Викторија Тодоровска
