Намалување на нивото на Охридско езеро

20.02.2014 14:16

Се почесто е намалувањето на нивото на Охридакото езеро кое оваа година го достигна минимумот со кои некои делови на самото крајбрежје останаа суви.

- Повлекувањето на водата од Охридското езеро последниве години е се почесто. Стари стружани викаат дека сето тоа се должи на климатските промени, поточно отсуството на снег во зимскиот период.

Алармантна е состојбата со нивото на Охридското езеро. Оваа  зима отсуството на снег и дожд дополнително ја влошија состојбата. Климатските промени, главна причина и за стари стружани.

- Како дете сум скокала "такла" порано, бидејќи имаше повеќе вода. На назад последниве години нивото на езерото е спуштено. Е, сега дали зависи сето тоа што изворите кај хотел Бисер и други места се зафатија па и самите зими де со помалку снег мислам дека сето тоа зависи што нема вода, изјави жителка на Струга.

- Порано езерото беше повисоко но и самиот дрим. Сега се измени и климата. Еве на пример оваа година немаше капка снег, вика дедо Ристо од Струга.

Екологистите апелираат и на човечкиот фактор кој се повеќе влијае на еколошките промени на флората и фауната на еко системот.

- Секое повлекување на езерото е штетно за еко системот и биодиверзитет на самото езеро затоа што е симбиотички поврзано, вика екологистот Мате Гогоски.

По природен пат самото езеро се повлекува се со цел да направи простор за врнежите кои следат овој период од годината. За жал последните години во Охрид и Струга се помалку има врнежи од дожд и снег.

Новинар: Јованчо Наумоски
Снимател и монтажа: Сашо Кленкоски