Здравство

15 илјади заболени од грип и 5 жртви досега

20.02.2014 16:11

Речиси  4 илјади новозаболени од грип се регистрирани во седмата недела од оваа година, соопшти Институтот за јавно здравје, што е за една четвртина повеќе од претходната недела, а дури за 51% повеќе од истиот период лани. Од почетокот на сезоната досега има вкупно 14 909 заболени од грип. Речиси две третини од заболените се на возраст од 15 до 64 години,а најмногу ги има во Кавадарци и во Скопје. Досега однесе 5 жртви. Според предвидувањата на Институтот,во наредните недели се очекува стабилизирање на порастот на бројот на заболени.

Соња Стојановска