Венизелос: Во април во Солун можност за дијалог
20.02.2014 16:30
Името според Венизелос не е проблем, туку Копенхашките критериуми и исполнувањето на добрососедските односи, на што Македонија треба да стави акцент...
На прес- конференцијата во ЕУ инфоцентарот вицепремиерот и грчки шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос изјави дека во април ќе ги покани на состанокот на министрите на ЕУ во Солун, сите шефови на дипломатии од посетените шест земји од Западниот Балкан, меѓу кои и министерот за надворешни работи, Никола Попоски. Венизелос рече дека по овој саостанок може да се воспостави дијалог и натамошни билатерални средби во Скопје и во Атина.
Името според Венизелос не е проблем, туку Копенхашките критериуми и исполнувањето на добрососедските односи, на што Македонија треба да стави акцент.
Запрашан околу грчката дволична политика, Венизелос одговори дека преку пријателската позитивна и конструктивна политика, Македонија добила кандидатски статус.
По средбите во Скопје, Венизелос оценил дека и Владата и цивилното општество се подготвени за дијалог, не само за разликата околу името туку и за развој на билатералната сорабока.
Сите овде знаат, рече на крај Венизело, дека Грција е важен партнер на земјата за зачленување во НАТО во ЕУ.
Анита Димитријевска
