Делови од Скопје утре без струја

20.02.2014 18:52

Поради веќе закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат делови од Сопиште, Аеродром, од селата Кондово, Волково и Глуво и жителите од улицата Прашка, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од системот за напојување со електрична енергија во време од 9 до 12 часот ќе бидат исклучени дел од корисниците во с. Сопиште, 9 до 14 часот ул. Томи Томшиќ бр. 24/1; бул. Јане Сандански бр. 41/4 и бул. Јане Сандански бр. 30/3. Во периодот од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на ул. Прашка, од бр. 20 до бр. 60, а во време од 9 до 15 часот ул. 1 во с. Кондово, с. Волково – дел од ул. 83 и дел од с. Глуво.