Анализа

Македонско- грчки односи

20.02.2014 18:56

Последен грчки претставник што ја посети Македонија беше Петрос Моливијатис кој во својство на министер за надворешни на Грција овде беше во октомври 2004.

Венизелос доаѓа десет години подоцна. Од ретките контакти остана запаметена посетата на некогашниот министер за надворешни работи Теодорос Пангалос во 1999. Среде Скопје на недипломатски и скандалозен начин ги навредуваше членовите на организацијата на Македонците во Грција, Виножито. Истиот тој Пангалос неколку години подоцна во јавноста почна да дава поинакви изјави.Во април 2007 говорејки за грчките ставови за спорот за името изјави дека додавка на уставното име Република Македонија е логично решение на проблемот. Во официјалните посети на релација Македонија-Грција има застој од  мај 2006 кога тогашната шефица на дипломатијата Илинка Митрева беше во Солун на состанок на процесот за соработка во ЈИЕ кога се сретна со колешката Дора Бакојани. Но од таа година забележлива е серија покани од македонските претставници до грчките колеги, кои беа одбиени. Екс шефот на дипломатијата Милошоски ги канеше десничарката Бакојани и подоцна левичарот Друцас. Иницијативи за средби имаше и од Претсдателот Иванов до Каролос Папуљас. Канеше и Премиерот Груевски но без официјална посета. Се одржаа десетина средби Груевски –Папандреу кои беа наменски за спорот за името. Официјалните претставници во Атина немаа проблем со  албанските функционери од Македонија. Веднаш по стапувањето на  вицепремиерската фунција 2011 Теута Арифи му пиша на Пангалос. И отпатува за Атина. Лани и годинава нејзиниот пример го следеа сопартијците на Арифи  Фатмир Бесими и Талат Џафери.

Анализа на Лидија Чакар