Попоски во работна посета на Србија
21.02.2014 09:19
Попоски ќе има средба со својот српски колега Иван Мркиќ, а ќе биде примен и од претседателот и од премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ...

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Србија.
Попоски ќе има средба со својот српски колега Иван Мркиќ, а ќе биде примен и од претседателот и од премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ.
Како што соопшти македонското Министерство за надврорешни работи, се очекува теми на средбите да бидат можностите за зголемување на соработката помеѓу Македонија и Србија во економијата, образованието, културата, транспортот и земјоделство, како и за натамошен развој на соработката за прашања во интерес на двете држави и за прашањата на евроинтеграциите.
Во тек на посетата на шефот на македонската дипоматија на Србија ќе биде потпишана билатерална спогодба за заемно признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања.
Предвидено е Попоски да се сретне и со претставници на македонското малцинство во Србија.
