Галуп: 40% од граѓаните веруваат во владата

21.02.2014 11:34

Истражувачката мрежа Галуп ја спроведе оваа анкета во Македонија кон крајот на минатата година на 1.000 испитаници од целата земја...

Резултатите од последното глобално истражување на Галуп покажуваат дека над 40% од граѓаните во Македонија имаат доверба во македонската влада.
 
Граѓаните на Србија и Албанија имаат помала доверба во сопствените влади, со околу 35%, а само 30% од Хрватите и веруваат на владата на земјата. 
 
Од поширокиот регион, повисока доверба во своите влади покажале само граѓаните на Малта и Турција, стои во истражувањето на Галуп.
 
Нешто помала доверба од под 30% имаат владите на Чешка, Романија и Латвија. Најмала доверба, од околу 15% кај своите граѓани имаат владите на Грција и на Босна и Херцеговина.
 
Истражувачката мрежа Галуп ја спроведе оваа анкета во Македонија кон крајот на минатата година на 1.000 испитаници од целата земја.