Ќе се изготвува социјална карта за секој пензионер

21.02.2014 13:23

Пензионерските здруженија од Македонија, Годината на солидарноста ќе ја поткрепат со изготвување социјална карта за секој пензионер. Со тоа ќе се зголемат хуманитарните активности кон оние на кои помошта им е најпотребна...

Само со мегусебно почитување, доверба и унапредување на односите може да се изгради долгорочна стратегија како дополнително да им помогнеме на нашите пензионери. Оваа година не случајно ја прогласивме за „Година на солидарност“. Хуманитарните активности ќе ги зголемиме, но ќе немаат вистински ефект ако не воведеме социјална карта за секој пензионер, што ќе ја даде листата на приоритети, беше ставот на раководителите на пензионерските здруженија од југозападнит регион.

„Многу е важно некоја хуманитарна помош како ќе ја распределите. Без вистинска социјална карта голема е веројатноста да заврши во погрешни раце. Оваа карта ќе ни даде увид за состојбата на нашите членови како во градовите така и во селата рече претседателот на сојузот на здружението на пензионери“, Драги Аргировски.

На ргионалната средба стана збор и за неодамнешната иницијатива на неколкумината битолчани за издвојување по 100 денари од пензија за стечајците. Велат иницијативата би ја прифатиле но погрешна е адресата.

„Ние не можеме да донесеме такво законско решение. Сами видовте дека тоа е предлог само на неколкумина кои сакаат на некој начин да се наметнат, и некој да помисли дека за нив некој се грижи“, рече Томе Илиоски председател на битолското здружение.

Она што е во наша надлежност е содржано во темелната програма. Дека добро се движиме покажуваат и резултатите од минатата година која ја цениме како досега најуспешна по повеке основи на дејствување, беше заклучокот од втората Регинална средба.

 

Стевче Митревски