Електронска комуникација за издавање на имотни листови

21.02.2014 13:52

За граѓаните ова ќе значи олеснување на постапката за добивање на потрбните документи, а за службите во Општината ќе биде можност за скратување на времето за давање на услугите...

Освен во Катастар, граѓаните на Општина Прилеп ќе можат имотен лист да извадат и во просториите на приватните катастри по електронски пат. Тоа им е овозможено со потпишувањето на договорот со Агенцијата за катастар и проработувањето на таканаречениот електронски шалтер.

За граѓаните ова ќе значи олеснување на постапката за добивање на потрбните документи, а за службите во Општината ќе биде можност за скратување на времето за давање на услугите.

Општина Прилеп наскоро ќе го потпише  договорот со Агенцијата за користење на услугите по електронски пат, е-катастар, разговараме за тоа да го операционализираме, односно да можеме ситните проблеми што се јавуваат во делот на софтверот да ги надминеме посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Електронскиот шалтер, односно системот преку кој сите одобренија за градба, предбележувања на градби, првите уписи што треба да се вршат од страна на Општината до Катастарот, е пуштен и е во примена. Потпишувањето на договорите за соработка се реализира и со другите општини во државата. Со тоа и тие на граѓаните ќе им нудат можност за добивање на дел од катастарските услуги во нивните простории.