По три години Скопје- Штип за само 30 минути

21.02.2014 14:12

Почнаа градежните работи на автопатот Скопје- Свети Николе- Штип...

Почнаа градежните работи на автопатот Скопје- Свети Николе- Штип. Изградбата стартуваше од местото наречено Три Чешми во Штипско. До главниот град штипјани ќе можат да стигнат за само половина час.  

„Ова ќе биде можност за развој на општините, индустриските развојни зони и за нови вработувања. Автопатот ќе чини 206 милиони евра и ќе биде готов за три години. Ова е почеток на изградба на патишта во источна Македонија“, најави премиерот Никола Груевски.

Изведувачот на автопатската делница е кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитед, која гради во 70 земји во светот.

Автопатот ќе биде долг 47 километри, а широк 27 метри.

Утре исто така официјално ќе започне и изградбата на автопатот Кичево- Охрид, најзначајниот инфраструктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија.

 

Дијана Ценевска