Починаа уште двајца пациенти од грип

21.02.2014 14:49

Пациентите 10 дена дена биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања...

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје информираат дека денеска се починати двајца пациенти кај кои е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А. Пациентите 10 дена дена биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања. Станува збор за маж на 65 години и жена на 74 годишна возраст, и двајцата се од Скопје. 

Починатата жената била со хронична срцева слабост, хипертензија, билатерална бронхопневмонија и подолго време со отежнато дишење. Исто така, починатиот маж боледувал од карцином, со астма, дијабет, акутна бубрежна слабост, прележан мозочен удар и со тешка двострана бронкопнемовија. 

И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите кај пациентите е констатирана смрт во текот на денешниот ден.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 115 пациенти, од кои над 60 проценти се со клиничка слика на грип, а 10 се во потешка здравствена состојба и се третираат на одделението за интензивна нега

Соња Стојановска