ДИК со мерки за гласачите
Палците на гласачите ќе бидат обележани со мастило, за да се избегне двојното гласање како можност за злоупотреба...

За првпат на овие избори, палците на гласачите ќе бидат обележани со мастило, за да се избегне двојното гласање како можност за злоупотреба.
„Видливото мастило нема да може да се избрише најмалку 24 часа по нанесувањето. Едно пенкало ќе се користи на 500 лица, и според математиката на ДИК ќе бидат потребни околу 5.000“, изјави Виолета Дума член на комисијата.
Донесени се и нови мерки за гласање на болните и немоќни лица. Нивна нова обврска е да се пријават во општинската изборна комисија најдоцна 7 дена пред започнување на изборите, притоа покажувајќи соодветна медицинска документација со која се потврдува нивната состојба.
„Конечно успеавме да го прецизираме поимот за болно и немоќно лице“ рече Бедредин Ибраими. Во оваа група спаѓаат лицата кои се неподвижни, слепи, заболени од дистрофија или сродни мускулни и нервно-мускулни заболувања, церебрална или детска парализа.
Ибраими посочи и дека сеуште не е направена корекција во изборната шестка, каде што отстапувањето е над законските плус-минус 5% гласачи . Претседателот на ДИК Никола Рилкоски, најави дека се очекува официјален податок од Државниот завод за статистика, по што комисијата ќе преземе соодветни.
Роберт Димковски
