Повреденото девојче од бомбата во Тетово е се уште во критична состојба

21.02.2014 15:25

Таа е во трауматски шок, по тешката повреда на стапалото и големото крвавење...

Состојбата на 15-годишното девојче што најмногу настрада од експлозијата на бомбата кашикара во Тетово во неделата е подобрена, но се уште е во критична состојба, изјавија за МРТ од Клиниката за анестезија, реанимација и лекување (КАРИЛ).

Таа е во трауматски шок, по тешката повреда на стапалото и големото крвавење, по што стапалото и беше ампутирано. Санирани се и другите повреди на рацете и на телото.