Прилеп доби Електронски шалтер
Општина Прилеп се поврза со катастарот. Отворен е електронски шалтер за да можат граѓаните побрзо да стигнат до информациите за имотот.
Наскоро ќе се издаваат и имотни листови.
Освен во катастарот, отсега прилепчани за имотот може да се информираат и во општината. Проработи електронскиот шалтер. Општината се поврза со катастарот.
Од одделението за урбанизам велат – се зголемува ефикасноста.
-„Ќе можеме, како општина да ги добиваме оние информации што ги дава општинскиот катастар, а тоа се: добивање и ажурирање на подлоги кои ќе ги префрламе во нашиот информативен центар каде граѓаните ќе моѓе да бидат известувани за сите состојби во Катастарот,“ вели Илија Карески раководител на Одделението за урбанизам при локалната самоуправа.
Во Општинскиот центар за услуги граѓаните почнаа да ги добиваат сите информации за промената и состојбата со нивниот имот.
Преку општината ќе стигнат и имотните листови.
„Во втората фаза системот ќе се надоиполни со електронско издавање на имотните листови,“ вели Марјан Ристески, градоначалник.
Засега, преку приватните катастари, на прилепчани забрзано им се издаваат имотните листови.
-„ Во последните денови имаме издадено 200 до 300 имотни листови. Во иднина за краток период ќе ги издаваме и скиците кои досега ги добивале преку Агенцијата за катастар на недвижности,“ вели Бранка Џагадуроска, -Геодетска Канцеларија
Останува проблемот со одамна изготвените но неискористени елаборати за легализација. Апелот е што побрзо да се подигнат оти може да станат неважечки.
Со 6 000 решенија за легализација, според локалните власти, Прилеп е меѓу водечките во државава.
Новинар -Елизабета Митреска
Снимател -Илчо Димески
