Продолжува асимилацијата на Македонците во Грција

21.02.2014 16:08

На Меѓународниот ден на заштитата на мајчиниот јазик...

На Меѓународниот ден на заштитата на мајчиниот јазик, Обединетата македонска дијаспора(ОМД) ги потсетува властите во Атина дека пред две недели Евгенија Нацулиду, претставник на ОМД во Грција, испратила петиција до грчкиот премиер Андонис Самарас за заштита на македонскиот јазик и култура на нашето малцинство кај јужниот сосед. Во барањето се нагласува итноста од ратификацијата на Европската повелба за регионални и малцински јазици која Грција ја нема потпишано, иако ова е дел од меѓународното право. Според петицијата, македонското население во Грција има етнички корени, со своја култура, идентитет и јазик. ОМД дополнува дека наспроти непотпишаната ратификација, продолжува асимилацијата на Македонците во Грција, што е спротивно и на фундаменталните права за кои се залага Европската унија.