Политичка раздвиженост на Балканот
Шефовите на дипломатиите Попоски и Мркиќ на денешната средба во Белград потпишаа договор за нострификација на дипломи од академски и научни звања меѓу двете влади.

Се согласија дека трговската размена треба да се зголеми од сегашните 800 на една милијарда долари годишно. Поддржана е и натамошната соработка во делот на инфраструктурата- за поквалитетно патно, енерегетско и железничко поврзување.
-Во делот на билатералата соработка имавме заедничка седница на владите минатата година и планираме оваа година да имаме втора заедничка седница на владите, најави Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија
Тој во рамките на официјалната посета на Белград оствари средби и со претседателот Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ. Сумирајќи ги разговорите по средбите, тој рече дека економската соработка со Србија е на одлично ниво и таа бележи два процентен раст во текот на минатата година.
-Од вториот дел на разговорите, за евроинтеграциите за соработка и за третата тема за регионалната соработка дополни Попоски.
На крајот од посетата тој оствари средба и со преставници на македонската заедницаво Србија.
Оливер Бранковиќ постојан дописник на МРТ од Белград
