Помор на риби во Брегалница кај Делчево

21.02.2014 18:27

Во водите на реката Брегалница на подрачјето на Делчево е забележан помор на риби.

Очевидци случајот го пријавиле во полицијата и во инспекциските служби, по што од речното корито во централното градско подрачје се земени мостри од мртвите риби и од водата и се дадени на анализа.

Делчевските рибари велат дека оваа лоша појава се повторува неколлку пати во последниве години, но сторителите не се ни пронајдени.

- Брегалница во општинскиот атар на Делчево нема концесионер кој би требало да се грижи за рибниот фонд и да реагира на зачестените појави на рибокрадство и труење на рибниот фонд, вели спортскиот риболовец Љупчо Георгиевски. По последниов помор на рибите Риболовното друштво од Делчево, побарало нему да му се додели концесијата за да мкоже пред надлежните органи да покрене соодветна постапка.