Чаршиски муабети за Аџиев или...?
Дописникот на МРТ Стевче Митревски контактираше денеска претпладнето со Аџиев кој потврди дека слушнал за ваквите гласини...

Во Битола изутрината проструи непроверена информација дека наводно Починал Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за лустрација. Чаршијата веќе измислувала и приказни и причини.
Дописникот на МРТ Стевче Митревски контактираше денеска претпладнето со Аџиев кој потврди дека слушнал за ваквите гласини, со што се демантираат овие чаршиски муабети.
Останува да се преиспита дали оваа неточна информација е дел на некоја политичка кујна или пак таканаречен спин во време кога во Собранието треба да се гласа за избор на членовите и претседателот на лустрациска, а Аџиев како што е познато е еден од најсериозните кандидати за реизбор.
