Полог- дувло на трговци со луѓе

22.02.2014 12:53

Минатата година идентификувани биле 15 жртви од кои 9 малолетнички. 82 други се идентификувани како потенцијални жртви, се тврди во извештајот на националнаиот известувач.

Кафеаните во Полог- дувло на трговци со луѓе. Девојките ги вработуваат како келнерки или танчерки ги искористуваат како сексуални работнички. Минатата година идентификувани биле 15 жртви од кои 9 малолетнички. 82 други се идентификувани како потенцијални жртви, се тврди во Годишниот извештај за борба против трговијата со луѓе.

„Секоторот за трговија со луѓе и илегална миграција има поднесено кривични пријави против осум лица , од кои двајца полициски службеници, а пак од страна на основниот суд Скопје 1 е постапувано по 54 предмети во кои се обвинети 85 лица и во кои им е изречена казна затвор на 82 лица со опсег на казна по кривични дела од 6 месеци до 10 години казна затвор. Две лица се условно казнети“,  изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Жртвите се на возраст од 13 до 22 години од женски пол, со средно, основно или без образование.  Од македонско, албанско или ромско потекло, главно од дисфункционални семејства кај кои е присутна некоја од социопатолошките појави.

Според профилот, трговците со луѓе откако ќе ги засолнеле жртвите ги принудувале на работа и давање сексуални услуги, потоа дел од зарабтоката ја давале на службеници од институциите за да можат непречено да функционираат.

Домашните жртвите се од Гостивар, Тетово, Прилеп, Гевгелија, Куманово и Скопје, а странските од соседна Албанија, Србија и Косово. Македонските власти им обезбедиле престој, советувања и лекарска помош на девет жртви. За четири добиени се оштетни побарувања од по 400 илјади денари за секоја жртва, а во прифатниот центар за странци биле сместени 12 странски државјанки, од кои пет биле жртви на трговија со луѓе. Според Стејт департментот на САД, Македонија е рангирана во групата „Тиер 1“ заедно со уште 29 земји кои целосно и успешно ги исполнуваат стандардите за борбата против овој тежок облик на криминал.

Фиљана Кока