Со шприц одзеле пари на Клинички
Пријавените кои биле уапсени од полицијата се регистрирани сторители на кривични дела...

СВР Скопје поднесе кривична пријава и предаде две лица од Скопје на Јавното Обвинителство, поради сомнение дека извршиле кривично дело– „разбојништво“, за што од судија на двете лица им била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Кривичното дело, пријавените го извршиле минатата недела во утринските часови во кругот на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Додека оштетеното лице одело во продавница која е лоцирана во кругот на Клинички, пред дневната болница за зависници од дрога, добило од зад грб два удари со тупаница, во пределот на задниот дел од главата и со крвав шприц со игла во раката му се заканиле дека ќе го боцнат ако не им даде пари.
Второпријавената со претрес од џебовите на јакната и панталоните одзела 500 денари и еден мобилен телефон на оштетениот, а потоа двајцата побегнале.
Пријавените кои биле уапсени од полицијата се регистрирани сторители на кривични дела од областа на имотните деликти – кражби и разбојништва, како на кривични дела од областа на недозволената трговија со наркотички дроги.
