Форум: Предизвици и перспективи на младите во Македонија
На форумот се дебатираше за можностите за образование на младите и можностите за нивно активно и што поскоро вклучување на пазарот на трудот...

Деветтиот младиснки лидерски форум на тема перспективите на младите во Македонија е организиран по повод одбележувањето на 10 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, а организиран е од меѓународната фондација која го носи неговото име.
На форумот се дебатираше за можностите за образование на младите и можностите за нивно активно и што поскоро вклучување на пазарот на трудот.
„Нормално како секој млад човек и јас така размислувам. Младите најмногу се загрижени за нивното вработување, што е она што следува после универзитетските клупи, дали тоа што се учи на факултет ќе може активно да се примени на пазарот на трудот и нормално да се вклучат што е можно поскоро на пазарот на труд“, изјави Душан Босиљанов, претставник на фондацијата Борис Трајковски.
Ана Јосифоска
