Тодоров: Македонското јавно здравство фаќа чекор со европското

22.02.2014 17:35

Со новите 400 вработувања, 112-те лекари кои од приватното повторно се вратија во државното здравство и со сите инвестиции направени од оваа Влада, македонскиот пациент има подобрена здравствена услуга...

Македонското јавно здравство фака чекор со европското. Со новите 400 вработувања, 112-те лекари  кои од приватното повторно се вратија во државното здравство и со сите инвестиции направени од оваа Влада, македонскиот пациент има подобрена здравствена услуга. 

Министерот Тодоров посетувајки ја болницата за белодробни заболувања Јасеново, општина Чашка, нагласи дека подеднакво се води грижа и за здравствената заштита на жителите од руралните места, нагласувајки дека од први наредниот месец стартува проект- Рурален  доктор.

„Имаме преку 80% покриеност на сите оние места коишто ги објавивме, а тоа се 1227. Обезбедивме околу 40 возила од агенцијата за запленет имот коишто им ги обезбедуваме на здравствените установи, а има и еден посебен тим од Министерството за здравство којшто прави детален попис и обиколка на сите напуштени здравствени амбуланти во овие подрачја“, истакна Тодоров.