Марш во чест на Борис Трајковски

22.02.2014 19:09

Планинарите од Југоистокот по деветти пат во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска пред споменикот Македонија од Струмица го почнаа шестдневниот марш...

Денеска од пред споменикот на загинатиот претседател, Борис Трајковски во Струмица, дваесетината вљубеници во планините го почнаа 200 километри долгиот пат, кој ќе заврши пред неговото вечно почивалиште на гробиштата во Бутел.

Петдневната маршута ќе ја изодат планинари од Струмица, Гевгелија, Неготино, Радовиш. Велат, Борис Трајковски имаше спортски дух кој сакаме да го негуваме долги години.