Анкета: Граѓаните се повеќе наклонети на владејачката коалиција
На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори, 25,8% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 15,3% за СДСМ...

Резултатите од последната телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот помеѓу 16 и 19 февруари 2014 година, покажуваат дека владејачката коалиција има далеку поголема доверба кај граѓаните отколку опозицијата.
Институтот спроведе телефонска анкета на 1.450 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон политичките партии и нивните лидери во Република Македонија.
На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори, 25,8% од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 15,3% за СДСМ. 7,1% од испитаниците за определиле за ДУИ, а 24,8 немале одговор по ова прашање.
Премиерот Груевски и натаму има во најголема доверба меѓу политичарите. На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 26,4% одговориле во корист на Груевски, а 7,4 за лидерот на СДСМ Зоран Заев. На прашањето за кого би гласале за премиер, близу 42% одговориле во корист на Груевски, 22% би гласале за Заев.
Истражувањето покажува дека на следните парламентарни избори 33,7% од граѓаните сметаат дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, а 14,5% СДСМ.
Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
