Фармерите стравуваат од проблеми ако се намалат температурите

23.02.2014 13:41

Можни се проблеми во овоштарството, лозарството, градинарството, полјоделството и пчеларството поради измрзнување...

Доколку температурите се намалат можни се проблеми во овоштарството, лозарството, градинарството, полјоделството и пчеларството поради измрзнување, оценуваат од Федерацијата на фармери (ФФРМ).

„Во моментот топлото време позитивно влијае врз производството од повеќе аспекти, како забрзан развој на растенијата, поинтензивна фотосинтеза, намалени трошоци за загревање на пластениците, што директно влијае врз крајната цена на производот особено кај доматите, краставицата и пиперката. Доколку се намалат температурите, некои градинарски производи како зелката може да претрпат шокови што беше случај пред две години кога дојде до расцветување. Негативни последици ќе има и врз житата“, објаснуваат од ФФРМ.