Објавено логото за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ
23.02.2014 14:10
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денес го објави логото на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонја.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денес го објави логото на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонја.
„Македонија се нејзините луѓе, нивните судбини, нивното секојдневие, обврски, нивните пријатели, соседи, роднини, нивните дневни емоции, нивните проблеми, и подеми, нивните успеси. Македонија е секој грам на желба, волја, страст, порив, борба. Македонија не е апстрактен поим кој покажува некои општи форми. Не. Македонија е прецизен, точно дефиниран поим, вграден во сите нас. Таа е живот и постојано движење, таа е симбол, но и насока. Македонија се сите нејзини луѓе, сите нивни насмевки, сите нивни копнежи и стремежи. Наша обврска е да се бориме за нив, за секој еден, за секој нивни поглед на разбирање и поткрепа, за нивно одобрување, за нивната воздишка и иднина. Да се стремиме да го подобриме нивниот живот, животот на сите граѓани во нашата земја“, објаснуваат од партијата.
