И полицајците ги казнуваат

23.02.2014 14:51

Донесени се 17 решенија против 17 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето...

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 17 решенија против 17 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Притоа, на дванаесет вработени им е изречена мерка „парична казна“ на еден вработен му е изречена мерка - „писмено предупредување“, и на еден вработен мерка – „условно откажување на договорот за вработување“.

Парични казни се изречени за  четири полицајци кои спиеле на работа, како и за еден кој не бил професионално мотивиран. Полицаец е казнет со глоба поради непојавување на вонредно обезбедување, а две полицајки поради пушење цигари во канцеларијата. Двајца полицајци биле исто така парично казнети поради тоа што биле пијани во работно време.