Руска телевизија сними документарец за македонскиот шарпланинец

23.02.2014 17:26

Трагајќи по татковината на шарпланинскиот овчар, екипата на емисијата „Планета собок“ за автохтони раси кучиња пронајде долгогодишен одгледувач, кумановецот Владимир Крствески...

Се наоѓаме во земјата на Мајка Тереза, Кирил и Методиј, Александар Македонски и на шарпланиакиот пес, вака е прикажана Македонија во документарниот филм посветен на шарпланинецот што ја емитуваше Руска национална телевизија.

Трагајќи по татковината на шарпланинскиот овчар, екипата на емисијата „Планета собок“ за автохтони раси кучиња пронајде долгогодишен одгледувач, кумановецот Владимир Крствески кој говори за карактеристиките на македонската гордост- шарпланинцеот.

„Многу сум горд на нивните изјави затоа што знаеме дека шарпланинецот го делиме со Србија. Патронат врз расата имаат двете држави, меѓутоа гледано историски и географски шарпланискиот овчар како автохтона раса и припаѓа на Македонија, затоа и русите ја снимија емисијата кај нас“, изјави Владимир Крстевски кинолог и одледувач на шарпланинци.

Шарпланинецот е овчарска раса куче именуван по планината Шара. Затоа Владимир вели дека е најсреќен кога неговите кучиња завршуваат во нивната природна средина на бачилата ширум државата грижливо чувајќи ги стадата овци.

„Со децении нашите луѓе го одгледуваат, го негуваат и го усовршиле да биде послушен, верен на семејството, а неповерлив кон странци“, додава кинологот Крстевски.

Руската телевизија на која беше прикажана приказната за македонскиот шарпланинец има над 100 милиони гледачи.Емисијата е поставена  и на youtube  кој ќе и донесе доплнителна афирмација на Македонија во целиот свет. А, за љубовта кон на ова посбено куче Крстевски напиша и книга која освен на македонски е преведена и на англиски јазик.

 

Габриела Димковиќ