Операции без конци и крварење на Торакална хирургија

23.02.2014 16:20

Генераторот за фузионирање крвни садови, вреден 2,975 милиони денари, е веќе пуштен во употреба...

Брзи, прецизни хируршки интервенции без употреба на конци и крварење овозможува апаратот за препарирање ткива што првпат е набавен на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија.
 
Овој т.н. генератор за фузионирање крвни садови, вреден 2,975 милиони денари, е веќе пуштен во употреба. Се користи при интервенции за хранопровод, бели дробови, дојка и тироидна жлезда. Мобилен е, што овозможува, кога е потребно, негово користење и на другите клиники.
 
Станува збор за најсоврмен апарат, вид златен стандард во васкуларната хирургија. Овозможува поголема безбедност при интервенциите преку минимизирање на евентуалните грешки и компликации. Досега со него се направени околу 50 зафати, рече министерот за здравство Никола Тодоров по денешната посета на Клиниката.