Во Струга- едукација за борба против туберкулозата

24.02.2014 11:43

Едукациите за борба против туберколозата што се одржуваат во Струга се намнети за сите етнички заедници кои живеат на територијата на Општина, односно за најранливи групи граѓани.

Под мотото „И ти можеш да придонесеш во борбата против туберкулозата- Придружи се“ деновиве во Струга во организација на општинскиот Црвен крст се одржуваат низа предавања како дел од проектот за борба против туберкулозата.

Едукациите за борба против туберколозата што се одржуваат во Струга се намнети за сите етнички заедници кои живеат на територијата на Општина, односно за најранливи групи граѓани.

„Во овој момент проектот се реализира во нашата општина, а Црвениот крст со своите активности придонесува многу во борбата против туберкулозата. Предавањата ќе се реализираат на неколку локации низ Општина Струга, опфатени се училиштата, ромската популација, турската, албанската и делумно македонската популација“, вели директорката на Црвен крст во Струга, Адуриме Даути.

Ова е првиот квартал од проектот со кој е предвидено да се опфатат околу 200 слушатели, кој ќе ги слушаат предавањата. Понатаму ќе продолжи и вториот и третиот квартал бидејќи проектот се предвидува да трае во текот на целата година, вели Адуриме Даути од струшкиот Црвен крст.

Целта на овие предавања според стручниот тим лекари е да се добијат знаења за причините за оваа болест, начинот на лекување и за стапката на смртност. Лекарите велат дека во општината има пациенти заразени од туберкулозата, но претежно кај ранливите групи.

„Во Струга како и во сите градови во Македонија постои, но не како ендемична или епидемиолошка болест, туку постои спорадично. Ги има во семејства и кај граѓани кои не се соодветно тертирани или живеат во тешки услови“, објаснува д-р Милот Ризвани од итната медицинска помош во Струга.

Проектот се реалзира во рамките на Договорот за гранд меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Глобалниот фонд за борба против ХИВ, сида, маларија и туберкулоза, и Црвениот крст како соработник и потписник на Меморандум со овие три институции.

 

Јованчо Наумоски