Реконструкција на хидро - системот Брегалница
Од увидот направен на каналот на Хидро-системот Брегалница е констатирано негово сериозно оштетување, а најкритична е состојбата во близината на село Жиѓанци.
Каналот на одделни места може да попушти и да дојде до излевање на водата, истакнуваат од Водостопанство Брегалница Кочани.
Механизација веќе работи на теренот по што ќе следува изградба на нови ѕидови на каналот.
- Реконструкцијата на десниот магистрален канал се врши со средства од Министерството за земјоделество, шумарство и вдоостопанство, за што се одобрени околу 20 милиони денари. Од овие средства за делницата од Кочани до Злетовска река ќе се инвестираат 8 милиони денари при што ќе се изврши реконструкција на десниот магистрален канал во должина од 1.200 метри, истакнува Зоран Беличев директор на Водостопанство Кочани.
Дополнително, Министерството за земјоделество, шумарство и водостопанство одобри околу 12 милиони денари за реконструкција на каналската мрежа во атарот на Свети Николско во должина од 4 км.
