Нацулиду - Брисел не може да ги брани човековите права

24.02.2014 12:19

Претставникот на ОМД во Грција  - Евгенија Нацулиду реагира за практиката да се враќаат Македонците од границата. Вели  Брисел не може да ги брани човековите права. Грчките граничари не го повредиле правото на Европската Унија лани летото кога од границата вратиле повеќе македонски државјани. Во конкретниот случај, лицето може да поднесе жалба против одлуката на грчките власти во институциите во Грција.

Претставникот на ОМД во Грција  - Евгенија Нацулиду реагира за практиката да се враќаат Македонците од границата. Вели  Брисел не може да ги брани човековите права. Грчките граничари не го повредиле правото на Европската Унија лани летото кога од границата вратиле повеќе македонски државјани. Во конкретниот случај, лицето може да поднесе жалба против одлуката на грчките власти во институциите во Грција. Ваков одговор од Еврокомисијата добила претставничката на Обединетата македонска дијаспора во Грција, Евгенија Нацулиду, , на писмото со кое побарала од оваа европска институција да реагира за многуте случаи на македонски државјани на кои не им е дозволен влез во Грција. Таа  тврди дека речиси сите одговори од ЕK на индивидуалните реакции се исти и дека Kомисијата уште еднаш покажа дека нема влијание ниту ингеренции да реагира соодветно кога се повредени човекови права. Луѓето вратени од граница добиле решенија од грчките граничари дека не поседуваат соодветна документација за престој во Грција, што, според Нацулиду, е апсурдно и неосновано. Единствена можност да се променат ингеренциите на Европската комисија, според неа, се изборите во мај. Само граѓаните на ЕУ ја имаат моќта нешто да променат.