Гевгелија со алтернатива за питка вода
Во Гевгелија денеска почна дупчење на првиот бунар од бунарското подрачје кај Вардар кој ќе обезбеди дополнителни количини квалитетна вода за пиење во регионалниот водовод.Надлежните очекуваат да се обезбедат 50 литри вода во секунда и доколку се дојде до посакуваната количина, веднаш ќе се направи уште една проверка на квалитетот на водата и ќе се пристапи кон изградба на бунарот.Паралелно со ова, гевгелиското јавно претпријатие „Комуналец“, организира одредување и означување на заштитни зони околу сите бунарски подрачја во Гевгелија и населените места со цел да се обезбеди целосна заштита

Во Гевгелија денеска почна дупчење на првиот бунар од бунарското подрачје кај Вардар кој ќе обезбеди дополнителни количини квалитетна вода за пиење во регионалниот водовод.Надлежните очекуваат да се обезбедат 50 литри вода во секунда и доколку се дојде до посакуваната количина, веднаш ќе се направи уште една проверка на квалитетот на водата и ќе се пристапи кон изградба на бунарот.Паралелно со ова, гевгелиското јавно претпријатие „Комуналец“, организира одредување и означување на заштитни зони околу сите бунарски подрачја во Гевгелија и населените места со цел да се обезбеди целосна заштита на бунарите и резервоарите со вода за пиење.Пред неколку дена невладината организација „Фото Глас“ предупреди дека жителите на Гевгелија 7 години пијат вода затруена со арсен, а надлежните не преземаат ништо. Локалните власти тогаш изјавија дека знаат за проблемот и копале бунари зада ја подобрат состојбата.
