O'Нил: Македонија да бара прием во ОН под уставно име
Македонија ги исполнува двата услови за да биде членка на НАТО, согласно формалната позиција на Алијансата дека членството е отворено

Македонија ги исполнува двата услови за да биде членка на НАТО, согласно формалната позиција на Алијансата дека членството е отворено за која било европска држава во позиција да ги унапреди принципите на договорот и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област. Доколку не биде примена во НАТО на следниот самит, Македонија треба да бара прием во ОН под уставното име, смета Робин О'Нил, амбасадор и прв медијатор во грчко-македонскиот спор околу името.
Македонската влада треба да лобира кај сите членки на НАТО и да ги замоли да прифатат дека во оваа работа, тие треба да бидат подготвени да дејствуваат со консензус, дури и со еден член со приговори, и да се прими Македонија во членство на Алијансата на следниот состанок на Самитот на НАТО, во Обединетото Кралство, во септември.
Тој вели дека, кога би имало спор меѓу Македонија и Грција кој би претставувал воена закана за безбедноста на Грција, се разбира Алијансата нема да размислувала да ја прими Македонија за членство сѐ додека таа закана не биде отстранета.
- Но, тоа не е случај овде, дури и Грција мора да го признае ова. Единствениот спор меѓу двете земји е политички, каде што Грција се обидува, преку она што таа тврди дека е право на вето врз приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ, да ја натера Македонија да го смени името, која има право да го користи според меѓународното право. Мислам дека Владата на Република Македонија треба да продолжи да им ја кажува оваа поента на сите членки на НАТО. Би било доста апсурдно на состанокот во спетември да се прими Црна Гора во НАТО, а да продолжи да се исклучува Македонија. Ова прашање можеби треба да ѝ се спомне особено на Владата на Обединетото Кралство, која ќе биде домаќин на оваа средба - посочува О'Нил.
