Груевски на форум во ЕБРД: Регионот е зрел за Европа!
Историски настан се случи денеска во Лондон, кога сите лидери од Западен Балкан и Хрватска се собраа на едно место- во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за да учестуваат на конференцијата „Инвестиции во Западен Балкан“...

Историски настан се случи денеска во Лондон, кога сите лидери од Западен Балкан и Хрватска се собраа на едно место- во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за да учестуваат на конференцијата „Инвестиции во Западен Балкан“.
Претседателот на владата на Република Македонија, во својот говор се осврна на крупните проекти кои се одвиваат во земјава во моментов...
„Развој на енергетиката, изградба на патишта и инфраструктурата се нашите приоритети за во иднина. Постигнавме долгорочна енергетска стабнилност со потпишувањето на договорот со Русија за гасоводот Јужен тек. Многу од предизвиците со кои се соочуваме не се само наши, туку се генерални и имаат меѓугранична димензија. Во сево ова време ЕБРД беше еден од најсилните наши партнери и сакам да се заблагодарам за поддршката. Денеска регионот испраќаат силна политичка порака дека во овој дел од Европа има зрелост“, рече Груевски во својот говор.
Груевски додаде дека иновацијата и поддршката се исто така приоритет за земјата, а стратешка цел е членството во Европската унија.
Во изминатите години Владата на Реублика Македонија спроведе длабоки политички, економски и социјални реформи. Во економскиот дел тие беа насочени кон изнаоѓање решенија за клучните предизвици - одржување на макроекономската стабилност, отворање нови работни места, намалување на невработеноста, одржување соодветно ниво на фискалниот и буџетскиот дефицит, подобрување на бизнис опкружувњето и инестициската клима, зголемување на извозот и туристичка промоција, рече премиерот Груевски.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, на форумот ги претстави можностите и предностите за водење бизнис во Македонија, условите и поддршката кои ги нуди владата, напоменувајќи дека за само 4 часа може да се регистрира компанија во земјава.
На настанот учествуваат и премиерите Албанија- Еди Рама, БиХ- Вјекослав Беванда, Хрватска- Зоран Милановиќ, Косово- Хашим Тачи, Црна Гора- Мило Ѓукановиќ и Србија- Ивица Дачиќ.
Форумот е организиран пд ЕБРД по т.н. Гимних формула- одржување на неформални состаноци по одредена агенда, но без донесување одлуки. На форумот учествуваат и претседателот на банката, Сума Чакрабарти и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Во фокусот на форумот се темите за регионалните проекти за инвестирање во енергијата, транспортот, корпоративноста и начини за унапредување на бизнис климата, со цел привлекување на поголеми странски инвестиции и воспоставување соработка за прекугранични проекти.
And here's another pic of the seven Prime Ministers from W Balkans & Croatia here today #wbif pic.twitter.com/3yB27uyj49
— The EBRD (@EBRD) February 24, 2014
HE Nikola Gruevski: @EBRD investment in region in past decade 10.5 bn #wbif pic.twitter.com/0HZSYsv2Xl
— Nikolay Nikolov (@Nikolay_Nikolov) February 24, 2014
After speech in Montenegrin by PM Đukanović, PM of Macedonia Gruevski finally breaks the language barrier. #wbif pic.twitter.com/qnQo25CVmR
— Emil Ahmagic (@emilahmagic) February 24, 2014
