Сончев град доби вода

24.02.2014 14:07

Решено е водоснабдувањето  на идната населба „Сончев град“.Со изградба на 22 километри долгата водоводна мрежа ќе се одговори на барањата на 13 илјади жители од Општина Кисела Вода,” изјави градоначалничката Билјана Беличанец – Алексиќ. Проектот ќе чини 260 милиони денари.До крајот на годината се очекува да заврши и градењето на канализациската мрежа,која ќе се поврзе кон постојната во општините Кисела Вода и Аеродром.

Предвидена е и изградба на пат во Сопиште во должина од 4 километри, што ќе чини 412 милиони денари. „Трасата за патот е веќе пробиена и нема никаква опасност од свлечишта“ – објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Данче Азманова