Пилотската професија-повеќе од привлечна
24.02.2014 14:15
По завршувањето на конкурсот на Министерството за внатрешни работи за прием на извршители во хелихоптерската единица...

...до завчера се пријавиле 466 кандидати, од кои 247 тоа го направија по електронски пат преку веб страницата на МВР, а додека пак во полициските станици беа поднесени вкупно 219 пријави. Од вкупниот број на пријавени кандидати 59 се жени.
Во наредниот период ќе почне фазата на селекцијата на кандидатите преку тестирање на нивните способности. Најпрво ќе следи фазата на административна селекција, потоа ќе следи проверка на моторичките способности, општообразовен тест, психолошки тест, тест за познавање на англискиот јазик и на крајот интервју.
