Во Прилеп почна да се гради Скејт паркот

24.02.2014 15:33

Градот под Марковите кули ќе добие Скејт парк кој ќе биди со површина од 1.331 метри квадратни и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди.

Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.

„Една од основните цели при функционирањето на ЛС е создавање услови за правилен психо-физички развој на децата и младите луѓе. За остварување на тоа од пред 7 години почнавме со изградба на игралишта во сите делови од градот, терени за мал фудбал од кои дел покриени со вештачка трева, кошарка, повеќенаменски простори“,  посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Скејтпаркот ќе се состои од повеќе делови како функционални целини. Бетонските површини ќе бидат околу 900 квадратни метри и функционално ќе бидат поделени на дел за почетници кој што ќе го сочинуваат рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80см па се до 2 метри. Одделен од него ќе биде делот за искусни кој што ќе биде базен со аморфна форма и со длабочина од 2 метри која што максимално се зголемува до 3м. Бетонските површини меѓусебно ќе бидат поврзани со тревната површина. Оваа идеја беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.