Иванов денес ќе се изјасни дали ќе се кандидира за претседател

25.02.2014 09:05

Претседсателот Иванов денес ќе се изјасни дали ќе влезе во трката за уште еден мандат за шеф на државата...

На иницијативата  потписите ги ставија и вицепремиерот Ставревски, пратеникот Милошоски, првиот човек на УЈП, градоначалници, свештени лица од МПЦ, верско лице од ИВЗ во Дебар, јавни личности и спортисти. Последниот  рок за номинациите е 26-ти. На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 1 март, одлуката кој од пријаврените ќе биде фаворитот, ќе ја донесат 1.300 делегати.

„Имињата на делегатитите ќе бидат објавени на веб страницата на партијата и ќе бидат на јавен увид“, вели Емил Димитриев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегративците и натаму инсистираат на договор со коалицискиот партнер .Кандидат ќе немаат, но ќе водат кампања за промовирање на нивната идеја.

„ДУИ нема да биде дел од процесот во кој ќе се мајоризира гласот на албанците. Ќе ја отвориме и темата за изборот на претседател во Собранието“, изјави Бујар Османи портпарол на ДУИ.

За опозициската ДПА, аргументацијата на ДУИ за консензуален кандидат е неприфатлива. Највисокото партиско тело со одлука за учество на претседателските избори.

„После големите игри на ДУИ и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, ДПА нема да дозволи албанците да немаат свој кандидат на изборите“, рече Орхан  Ибраими од ДПА.

Рокот за собирање на 10.000 потписи е до 2 март, а за номинациите со подршка од 30 пратенички потписи последниот датум за пријавување е 13 март.