ЕКСКЛУЗИВНО: Уапсен бизнисмен кој проневерил над милион евра
Заедно со сметководителката, обвинтетиот во период од 4 години остварил неоснован поврат на ДДВ и не плаќал персонален данок и данок на добивка...

Управата за финансиска полиција го уапси 39 годишниот управител и сопственик за фирмата Еко Сара ДС ДООЕЛ од Скопје, со обвинение дека сторил финансиски криминал, тежок милион и 107 илјади евра.
Заедно со сметководителката, обвинтетиот во период од 4 години остварил неоснован поврат на ДДВ и не плаќал персонален данок и данок на добивка, а до управата за јавни приходи поднесувал невистинити даночни пријави.
Поради тежината на кривичното дело и висината на причинетата штета, на барање на јавниот обвинител, на првообвинетиот му е одреден притвор во времетрање од 30 дена, а на сметководителката и е одземена патната исправа и ќе се брани од слобода!
Компанијата Еко Сара ДС работи на пазарот од 2007 година, а основната дејност на компанијата е вршење на откуп , складирање и третман на секундарни суровини ( бакар, месинг, железо, олово, алуминиум, акумулатори и др.).
Наташа Гркова- Петрушевска
