Почина Чедомир Ненковиќ - фоторепортер
25.02.2014 11:24
Познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ почина синоќа на 55-годишна возраст.
Во својата богата кариера работеше во дневниот весник „Вечер", во „Дневник" беше уредник на фотографија, а работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг". Има реализирано и повеќе фоторепортажи за познатиот магазин „Нешенел Џиографик“.
За своите фотографиите има добиено повеќе меѓународни награди и признанија.
Чедомир Ненковиќ ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Бутел.
