Општина Тетово ќе управува со 4 спортски објекти

25.02.2014 11:32

Министерството за локална самоуправа на општина Тетово и ги пренесе ингеренциите за управување со четири спортски објекти.

На општината и се остава можноста за наоѓање инвеститори за ревитализација на објектите.

Градскиот стадион и старото игралиште, спортскиот центар и спортската сала во Тетово преминуваат во надлежност на локалната самоуправа. Со одлука на Владата од сега со овие четири објекти нема да раководи Јавното претпријатие за управување со спортски објекти туку општината. 

-„Со ова се отвараат можности за подобрување на спортскиот живот во градот. Една од опциите е во управувањето со спортските објекти да се вклучат и други субјекти преку јавно приватно партнерство,“ изјави Теута Арифи – Градоначалник на општина Тетово

-„Овие спортски објекти се доста запуштени, а спортската сала со години стои недоизградена. Со пренесувањето на надлежностите се очекува да се подобри грижата за нив и продикцијата на спортски таленти,“ вели Тахир Хани – Министер за локална самоуправа

 Новинар: Зоран Јованоски                                                               

Снимател: Даниел Евросимоски