Велес - Намалување на бројот на ученици

25.02.2014 11:47

Опаѓање на наталитетот но и се почестата миграција кон поголемите градови е причина голем број од општините во Македонија да се соочуваат со намален број на ученици.Училниците се полупразни и во велешко...

Министерот Спиро Ристовски оптимист дека работите ќе се менуваат на подобро

Проблемот со наталитетот во Македонија се рефлектира и во образовниот процес. Бројот на ученици константно опаѓа, па училиштата  честопати бараат согласност за формирање на паралелка со помалку од 24 ученици.  Од ресорното министерство велат проблемот е евидентен во повеќе општини меѓу кои е и Велес. Но според министерот Ристовски последните статистички информации даваат надеж дека работите се менуваат.

„Изненаден сум во позитивна смисла  од информацијата од ООУ Кирил и Методиј дека веќе почнале повторно да ги групираат  во рамки на една училишна паралелка  од минимум 24 ученика со што фактички се покажува дека се зголемува природниот прираст односно наталитетот“, рече Спиро Ристовски, министер за образование и наука

Но не само наталитетот,неможноста да се најде работа во Велес за многумина беше причина за иселување од градот. Со влезот на германски МАКАРД и вработувањето во Дрексермаер очекувањата се дека овој проблем за велешани ќе биде минато.

„Апелирам за што поголемо задржување во рамките на матичните градови на населението со помала миграција во поголемите градови односно со тенденција на иселување во Скопје“, рече министерот Ристовски.

Наредната учебна година за четирите средни училишта  од Велес повторно ќе биде година на трка за секој ученик, оти од клупите во основните училишта ќе станат околу 600 осмооделенци а во средните училишта има двојно повеќе слобони ученички столчиња.

Новинар Дијана Иванова                                   

Снимател Никола Василковски