Религиски форум по повод 10-годишнината од смртта на Претседателот Трајковски

25.02.2014 11:55

Своето учество го најавија верските лидери од петте верски заедници во државата, како и на околу 50 видни домашни и странски гости...

Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи организираат религиски форум „Верата на лидер кој и служи на нацијата“.
 
Форумот се одржува по повод 10-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски. На него своето учество го најавија верските лидери од петте верски заедници во државата, како и на околу 50 видни домашни и странски гости.

Борис Трајковски беше втор претседател на Македонија, а функцијата ја извршуваше од 15 декември, 1999 година до 26 февруари, 2004 година кога неговиот мандат заврши со трагична авионска несреќа во Мостар.