Утре без струја делови од Волково, Глуво, Никиште и Кисела Вода
25.02.2014 13:33
Без снабдување со електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Чучер Сандево.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 9 до 15 часот без струја ќе биде дел од село Глуво во општина Чучер Сандево, а од 8 до 15 дел од улицата „Малешевска“ во Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 16 часот без електрична енергија ќе биде дел од село Никиштане, а од 10 до 15 часот, улиците „95“ и „101“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров.
РЦУК соопштува дека прекините се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.
Соња Стојановска
